Секс скандал го тресе белгиски фудбалски клуб, полицијата го истражува случајот

Белгискиот фудбалски клуб Еспоар Минероа е вмешан во секс скандал , откако во јавноста се појавија снимки на сексуален однос на неколкумина фудбалери со една девојка.

Експлицитните снимки кружат низ социјалните мрежи неколку дена, а на неа се гледа девојка како ползи на подот на клупското кафуле и потоа има секс со еден од фудбалерите на клупата за масажа.

Според информациите од белгискиот печат, видеото е снимено од еден од играчите на тој аматерски клуб по тренинзите минатиот месец. Во друго видео, една девојка седи во бар со фудбалери, а во другата лази по подот. Според последните информации, започнала истрага откако мајката на девојката изјавила дека нејзината ќерка била под дејство на алкохол и дрога.

„Постојат докази дека ќерка ми не беше во нормална состојба. Сакам ова да заврши на суд и да биде разјаснето. Мислам дека има нешто повеќе од тоа што сакаат да покажат“, рече мајката за „Судинфо“.

Еден од играчите рече дека „работите отидоа предалеку“, но девојката била доброволно со нив.

Белгиските власти започнаа истрага откако девојчето и нејзиното семејство пријавиле сè во полиција.

“Засега знаеме дека неколку играчи беа таму, но не знаеме што точно се случувало. Ние ќе ја испитаме приказната, што е веќе скандалозно”, рече владин претставник , а  изненадувачки слична изјава даде претседателот на фудбалскиот клуб Жозеф Гајлард.