Секс скандал на дното на морето

Скандал ја тресе американската воена морнарица. Најмалку 12 морнари гледале тајни снимки од нивните колешки, додека се капеле голи во подморницата, и тоа во период од десет месеци.

Ова откритие е голем удар за програмата за полова еднаквост во морнарицата која започнала пред четири години.

За сега постои сомнение дека еден морнар бил одговорен за продукција и дистрибуција на видео снимките, додека други 11 лица се под истрага бидејќи ги гледале, а притоа не пријавиле на надлежните.

Сè уште не е познато колку жени биле снимени, а некои офицери сметаат дека станува збор за три или четири жени.

Сите служеле во подморницата “Wyoming”, која е стационирана во Кингс Беј. Станува збор за првите жени во историјата кои служеле во подморница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.