Секс со роботи од 2065 година

Многумина беа шокирани од сексуалните сцени меѓу луѓето и роботите кои се појавија во научно-фантастичните серии и филмови, меѓутоа експертите тврдат дека за 50 години би можело за секој човек да биде реалност секс со роботи.

Академикот др. Хелен Дрискол од американскиот Универзитет во Сандерленд дури смета дека секс со роботи би можел многу да му значи на човекот и да го унапреди неговото ментално здравје.

– Робофилијата, односно ситуација каде човекот сексуално го привлекуваат роботи, сега ни звучи како нешто што има врска само со вонземјански работи, но реалноста е дека тоа наскоро може да стане норма на однесување. Уште сега, по пат на интернет можат да се нарачат разни сексуални помагала, а со напредокот на технологијата тоа во блиска иднина ќе биде и андроид, истакна Дрисколова. Според нејзините зборови, тоа подразбира развој на виртуелна реалност во која голем број луѓе низ целиот свет уште сега секојдневно ужива.

– Покрај нас ќе биде нешто што е посовршено од човекот, а што може да пружи исто уживање како и живо суштество. Тоа ќе биде опипливо и направено по мерка и желба, истакна таа.

Роботи како трговци во Јапонија

Јапонска филијала на една компанија од Швајцарија ангажира илјада паметни роботи како трговци.

Ова е првпат роботи да бидат користени како продавачи, се вели во соопштението од швајцарската компанија.

„Хуманизираните“ машини ќе бидат рапсоредени во големи специјализирани продавници во Јапонија и во продавници кои нудат Нестле-апарати за кафе.

Роботот е опремен со таблет и ќе биде способен на купувачите да им дава објаснувања за различни артикли на еден интерактивен, речиси – природен начин. Паметниот робот го креираше француската фирма Алдебаран роботик.

Робот усмрти работник во Германија

Во фабриката за автомобили “Фолксваген” во Германија минатиот месец робот усмрти работник (22), пишува српски Блиц.

Несреќното момче работело на оспособување на роботот кој сложувал авто-делови. Одеднаш, машината го “помешала” телото на работникот со дел од автомобил, го зграпчила и го набила во метална плоча.

Работникот починал неколку часа покасно, како последица од здобиените повреди.

Компанијата не го објавува името на момчето, но додала дека роботот е програмиран да обавува одредени функции, и дека голема е веројатноста несреќата да е предизвикана од “човечки фактор”.

Германското обвинителство го разгледува случајот и врши проценка дали да покрене обвинение.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.