Сексот е добар за памтењето

Новото истражување покажало дека сексот ги подобрува нашите ментални способности и го зголемува производството на нови неврони во делот на мозокот во кој се формираат долгорочни сеќавања, односно во хипокампусот.

Научниците од Универзитетот во Мериленд открија дека стаорците кои почесто имаат сексуален однос имале напредок во когнитивните функции, пренесува Атлантик.

Сексот исто така ослободува и од хроничен стрес, покажало друго истражување спроведено на Универзитетот Конкук во Сеул.

Дали оваа теорија функционира и обратно. Дали паметните луѓе имаат чест и ран секс? Одговорот е не. Всушност кај паметните тинејџери ситуацијата е главно таква што почнуваат да имаат секс подоцна во животот. Тоа порано го покажало истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија.