Секуларната партија „Нидаа Тунес“ води на изборите во Тунис

Главната секуларна партија во Тунис „Нидаа Тунес“, освои над 80 места во новиот 217-член Парламент, по која следи исламистичката партија „Ал Нахда“ со 67 места, според неконечните резултати од вчерашните парламентарни избори, објави МИА.

Официјалните резултати ќе бидат објавени подоцна денеска.

„Ал Нахда“ освои најмногу места – 89 во 2011, на првите слободни избори во Тунис по падот на претседателот Зин ал Абидин бен Али.