Села: Ќе го блокираме секој закон во Собранието, сѐ додека нашиот прдлог-закон за државјанство е блокиран

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе го блокира секој закон што ќе дојде во Собранието, сè додека нивниот предлог законот за државјанство е блокиран. Села е свесен дека оваа форма на дејствување преку блокади не е во најдобар интерес на граѓаните, но ја гледа како единствената алатка, или најдобриот начин да се одговори на оние кои го блокираат законот за државјанство.

– Бевме јасни во изјавата што ја дадовме. Реков дека тоа нема да биде добар начин затоа што создава анархија што не е за доброто на граѓаните. Во ситуацијата во која се наоѓаме, ја презедовме оваа иницијатива затоа што оценивме дека не може да се запре ваква акција, да се блокира секој закон, секој предлог што ќе дојде во парламентот и немавме друг начин да одговориме освен со исто. Така ќе биде. Рековме дека ќе го држиме блокиран секој закон, сè додека нашиот предлог закон што се однесува на државјанството е блокиран – изјави Села во гостување на Алсат телевизија.