Села и Гаши оптимистипо средбата со Заев: На чекор сме до решение за законот за државјанство

По средбата со премиерот Зоран Заев на тема предлог-законот за државјанство, лидерите на Алијанса за Албаците и на Алтернатива Зијадин Села оценија дека за неколку денови е можен и заеднички текст на законот со што ќе се направи чекор напред кон демократските стандарди. Тие ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги повлечат амандманите на овој закон и понудија дека и Алијанса и Алтернатива ќе ги повлечат амандманите на пакетот економски закони.

„На добар пат сме да решиме проблем што тангира определен број на луѓе кои три децении живеат без документи во оваа држава. Мислам дека со изнаоѓање на решение ќе направиме добар потег за државата. Овој закон го предложивме заради демократски напредок на државата, затоа што ќе нѐ одведе чекор напред кон демократските и цивилизирани држави кон кои тежиме со аспирациите за членство во ЕУ, а не кон тоталитарните. Во спротивно, ќе бидеме ставени на листата на држави кои не ги почитуваат основни човекови права“, рече лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев и претставници на Владата на која се разговарало за можен компромис околу законот за државјанство поднесен од коалицијата Алијанса-Алтернатива, а кој е блокиран во Собранието.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши изјави дека средбата со премиерот била добра и конструктивна, дека постои начелен напредок и изрази уверување дека за неколку дена би можело да се дојде и до заеднички текст на предлог-законот за државјанство.

„Сакаме законот да биде европски и во функција на решавање на проблемите на оваа категорија на граѓани – апатриди. Добро е што власта прифати подадена рака од албанската опозиција. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не бидат пречка за законот. Повеќепати рекоа дека се подготвени да ги повлечат амандманите доколку ние ги повлечеме за пакетот економски закони. Ако имаат интерес за овие економски закони, тогаш и ние и тие нека ги повлечат амандманите и со тоа ќе го деблокираме Собранието и ќе бидеме во функција на граѓаните”, рече Гаши.

Тој нагласи дека интенцијата е да се применат најдобрите европски практики и дека коалицијата со Села води сметка за интересите на граѓаните без оглед на етничката припадност.

Лидерот на Алијанса Села рече дека секогаш повторувал дека се подготвени за дијалог и за овој закон и за другите.

„Поентата е дека без нов закон обеспрабени се тие граѓаните што немале државјанство во времето кога се распаѓала Југославија, а биле државјани на друга репулбика или покраина. Требаше тогаш сите да добијат државјанство ако останале тука да живеат. Дали треба докази, нека бидат потребни, рече Села.

Инаку, со предлог законот за државјанство на албанската опозициска коалиција, меѓу другото се предлага државјанство да може да се добие со тројца сведоци, што за македонскиот блок на партии е неприфатливо, а од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица е блокиран со илјаддници амандмани, поради што и пакетот закони со еконосми мерки потоа беа блокирани со аманмани од страна на Алијанса и Алтернатива.