Села и Заев директно ќе решаваат за иднината на нивната соработка

Дали групацијата Алијанса за Албанците,предводена од Зијадин Села, ќе остане дел од владејачката коалиција ќе иде познато по денешната закажана средба со премиерот Зоран Заев којашто, според некои навестувања, може да се случи уште денеска во Владата во 14 часот.

Откако СДСМ реши на испразнетот место во ресорот здравство, коешто го пополнуваше кадар на Алијансата, да го предложи за кандидат својот кадар Венко Филипче, се очекува одговорот на Зијадин Села како неговата партија ќе продолжи да работи во Владата предводена од социјалдемократите.

Според некои медиуми блиски на владини кругови, не е исклуечно на денепната средба Села да истапи со контра понуда, односно да побара позиции кои според него треба да бидат со иста тежина како изгубеното министерство.

Во вторникот Артан Груби од ДУИ истакна дека според ДУИ „затворено е сѐ што се однесува до составот на Владата“ и оти „ситуацијата е решена, парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села“