Села: Изборите мора да се одржат кога нема да постои опасност по здравјето на граѓаните

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека неговата партија продолжува да верува дека најсоодветен период за парламентарни избори е крајот на јули или почетокот на август, бидејќи иселениците се враќаат во тоа време.

Тој во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека според него, најдобро е изборите да се одржат кога граѓаните нема да бидат во опасност од никаков вирус или пандемија.

-Но ако пандемијата, како што се гледа, ќе трае, тогаш изборите треба да се одржат тогаш кога ризикот по здравјето на граѓаните ќе биде најмал, истакна тој.

Преговорите меѓу партиите, рече Села, продолжуваат и разговорите се водат околу датумите 12-ти и 15-ти јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.