Села: Јавниот обвинител треба да биде експерт од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците, има забелешки за владиниот предлог. Освен Русковска, Села вели дека ќе се обидат да интервенираат амандмански во неколку главни области:

1. Прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО;
2. Во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија и јавниот обвинител да биде експерт од странство;

„Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму”, вели Села.