Села: Казната против Абдулфета Алими е монтиран политички процес и е удар против нас – Алијанса за Албанците

Казната од 7 години затвор за Абдулфета Алими дава нота на монтиран политички случај во предворјето на претседателските избори. Ова е пораката која Зијадин Села ја испрати од централното собрание на Алијансата за Албанците, кое се одржа во Дебар.

Според него, донесувањето на ваква пресуда од страна на судот, за како што вели: „… човекот кој се обидел да му помогне, остава многу отворени прашања околу целиот случај од настаните на Крвавиот Четврток.“

Тоа никако не е прифатливо и не е правда. Јас го слушнав целото изнесување и на судскиот совет, дека наводно Абдулфета Аљими се казнува поради тоа што не ги спречил за да ги отворат вратите луѓето кои се денеска слободни и кои се амнестира. Замислете… значи за каква казна се работи и нормално дека ова го сметам за монтиран политички процес спрема Абдулфета Аљими и директни обиди за политички да не’ удрат нас како Алијанса за Албанците, вели Зијадин Села за ТВ24.

Села и овојпат не пропушти прилика да ја изрази поддршката за независниот претседателски кандидат, Блерим Река, кој, пак, не се појави на централното собрание.

И нема да правиме игри од типот консензуален или не знам други игри кои ги правеше другиот кандидат од СДСМ, мора да се нагласи, за да анимираме некој после дека не е само на СДСМ – тоа беше целта, него и на ДУИ и на другите коалицини партнери преку присуство на седници, на централното претседателство и на централното собрание – дополнува Села.

Покрај Села, на настанот се појави и гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари. Беше промовирана и програмата на кандидатот за градоначалник на Алијансата за Албанците од Дебар, Арбен Аголи. Се разговараше и за промена на Статутот на партијата, бидејќи како што рече Села: „Бројот на членови на партијата расте.“.