Села: Коалицијата на Алијанса, Беса и Алтернатива би освоила до 15 мандати

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во интервју за Новинската агенција Журнал кое ќе биде објавено во среда, открива до каде се преговорите за реализирањето на коалицијата меѓу неговата и другите партии од албанскиот опозициски блок Беса и Алтернатива.

Села открива и дел од програмата на Алијансата на Албанците која ќе им ја понуди на граѓаните а со намера да ја добијат нивната доверба. Тој, меѓу другото е убеден и дека негивата партија ќе победи кај албанксиот блок на изборите на 12-ти април.

Според него, анкетите кои ги направила Алијансата за Албанците, а кои не се објавени досега, нивната партија е во предност со еден пратеник пред владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ).

„Реално ние како партија во споредба со ДУИ сме еден пратеник пред нив, така кажуваат внатрешните анкети кои не ги објавуваме во јавноста“, вели Села за Журнал.

Според него, доколку се успее во настојувањата да се направи коалицијата меѓу Алијансата за Албанците, движењето Беса и партијат Алтернатива, сите заедно би освоиле околу 14 до 15 пратеници.