Села: Македонските партии сакаат етнички чиста држава, ДУИ им помага

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во гостување на албанската телевизија РТВ Ора изјави дека македонските партии сакаат да направат етнички чиста држава и дека во тоа им помага ДУИ. Тој ова го објави на својот Фејсбук профил.

– Македонските партии имаат интерес да направат етнички чиста држава во мултиетничка реалност. Македонија зависи од двата главни народа, Албанците и Македонците. Политиката од последните 30 години ги натера да градат своја национална држава. Заедно со ДУИ, тие успеваат, затоа што стапката на емиграција на Албанците е многу висока. Луѓето заминуваат затоа што се разочарани. Последните избори што ги добија беа украдени, бидејќи се занимаваа со закани и уцени за отпуштања. Ние стигнавме до 12 пратеници. Немавме членови на комисијата на избирачките места и тие манипулираа со гласањето – напиша Села.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.