Несогласувањата меѓу Тачи и Села кулминираа откако лидерот на ДПА за носител во „петката“ го предложи Зија Јонузи, по што од централата ги исклучија од партијата градоначалникот Села, како и претседателот на струшкиот огранок на ДПА, Елмази.
Струшкиот градоначалник по два дена молк изјави дека Мендух Тачи нема право да го исклучи од партијата, бидејќи во партијата постои статут, кој пропишува како еден член може да биде разрешен.
„Мендух Тачи нема право да ме исклучи од Централното претседателство. Ова право го има претседателството, но колку што јас имам информации, ова тело не одржало состанок за да се реши прашањето“, изјави денеска на прес-конференција струшкиот градоначалник, Зиjaдин Села.
Тој потенцираше дека ќе гласа за кандидатот за претседател на ДПА, Халими, затоа што активно учествувал во собирањето потписи за неговата кандидатура.
Струшкиот градоначалник Села очекува на движењето кое го покрена огранокот на ДПА во Струга да се приклучат голем број гласачи Албанци.