Села: Не значи дека немаме мнозинство- правиме се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка

Не мора да значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица дека мнозинството го немаме. Ние правиме се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка. Ако се зборува за анти албанска и анти нато албанска партија зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија. Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во Влада.

Ова го истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска пред Собранието на Македнија.

-Што се однесува за НАТО, НАТО е завршена работа, Македонија е негова членка и никој не може да ја извади од тој сојуз. Истото важи и за Косово. Косово е принзаена независна држава од страна на Македонија и никој тоа не може да го врати назат, особено не партија нова и мала како левица. Новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа влада, додаде Села.