Села се повлекува од водството на Алијанса

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, најави дека уште вечерва ќе поднесе оставка, по катастрофалниот изборен резултат на изборите за Советот на Општина Тетово.

Со само околу 800 освоени гласови, трипати помалку од претходните локални избори, партијата на Села ги изгуби тројцата општински советници и сега нема ниеден.

Повеќе медиуми јавуваат дека за вечерва е закажан состанок на потесното партиско раководство, на кој Алијанса ќе ги анализира резултатите од изборите. Оставката на лидерот Села се смета за завршена работа.

На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати.

Во Советот на општина Тетово доминира Беса со 12 советници, по нив следи ДУИ со 11, ДПА и Алтернативца имаат по 1, ВМРО-ДПМНЕ 4 и СДСМ 2 советници.

Неофицијално, најавена е коалиција меѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.