Села смета дека Зибери не може да биде народен правобранител, зашто таа должност е наменета за опозицијата

После информациите кои денеска се проширија, дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, за ова коментираше Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците.

Села во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција треба да биде наменета за опозицијата.

Зибери, според информациите претходно објавени во петокот на ТВ21, треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер.