Села: За 27 април e осуден човек што ми ја спаси главата

Настаните од 27 април, 2017 година од Собранието беа дел од темата за разговор на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во Студио 10 на ТВ 24.

– За 27 април сакам да сум во студио со Зоран Заев. Тој треба да даде некои одговори, зашто сведочи во судот дека Трајко Вељаноски и Миле Јанакиески не биле виновни. За настаните од 27 април, осуден е човек што ми ја спаси главата. Не треба да има таква правда. Му должам на тој човек. Груевски имаше причина да ме убие затоа што знаеше што ќе му се случи, но каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, политички – истакна Села во „Студио 10“.