Села за случувањата со Мијалков: Сценарио и театар, граѓаните не веруваат повеќе

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, денеска на прес-кофенренција ги коментираше последните случувања за Сашо Мијалков. Тој ги нарече случувањата театар.

„Мијалков го нема два дена дома, а во неделата неговите жена и деца не знаат каде е нивниот татко. Односно не знаат дека е во изолација и е болен. А знаете што е најскандалозно? Сашо Мијалков повторно е дома.

Ова потврдува сценарио меѓу Мијалков и Заев. Сценарио кое јас го најавив, кога сте ме прашувале како е можно коалиција со ВМРО-ДПМНЕ после настаните од 27 април. Сум рекол дека сите актери кои правеа такви сценарија на 27 април, сега се со владата. Еве ви доказ.

Сценарио и театар во кое граѓаните не веруваат повеќе“, рече Села.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.