Селекторот го објави списокот за натпреварите против Луксембург и Украина

Селекторот на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Луксембург и Украина.

Боби Грнчаров и овој пат не се најде на списокот на Ѓуровски, Иван Тричковски повторно откажа поради клупски обврски, а повратници во селекцијата се фудбалерот на Вардар, Глигоров и Муарем Муарем кој игра одлично во дресот на Карабах.

Македонија на 9. октомври го пречекува Луксембург на Филип Втори Арената, а на 12. и гостува на Украина.

Голмани: Томе Пачовски, Андреја Ефремов, Дарко Тофиловски

Одбрана: Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски, Александар Дамчевски

Среден ред: Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, Никола Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски, Муарем Муарем

Напад: Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими, Мирко Ивановски