Селекторот на Шпанија ги одбра кошаркарите за Скопје

33

Осум кошаркари отпаднаа од комбинација за настап против Македонија, пред почетокот на подготовките на шпанската репрезентација за првиот ФИБА прозорец од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Серџо Скариоло го скрати списокот на 16 играчи, од првичниот на кој се наоѓаа 24 имиња. Од овие 16. италијанскиот стручњак ќе го формира идеалниот тим кој ќе излезе на мегдан во „Јане Сандански“ наредниот петок.

Шпанија доаѓа во Скопје како светски шампион, а во квалификациската група „Г“, освен „црвената фурија“ и нашата репрезентација, се наоѓаат уште селекциите на Украина и Грузија.

СПИСОК НА ШПАНИЈА

Виктор Артеага бек 189 1996 Морабанк Андора

Џонатан Бареиро крило 203 1997 Сарагоса

Дарио Бризуела бек-шутер 185 1994 Уникаха

Кино Колом бек 188 1988 Валенсија

Алберто Диаз бек 185 1994 Уникаха

Дани Диез силно крило 203 1993 Тенерифе

Хаиме Фернандез бек 184 1993 Уникаха

Фран Гуера центар 214 1992 Тенерифе

Хаби Лопез-Арестеги крило 201 1997 Валенсија

Жоел Пара силно крило 200 2000 БВВ Тим 3

Ориол Паули крило 201 1994 Морабанк Андора

Дани Перез бек 186 1990 Манреса

Хаиме Прадиља центар 205 2001 Валенсија

Мигел Салво ниско крило 205 1994 Гран Канарија

Хуан Састре крило 201 1991 Тенерифе

Јанкуба Сима центар 211 1996 Манреса

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.