Шпанскиот селектор повика само еден играч на Барселона за евроквалификациите

Тренерот на Шпанија, Роберт Морено го објави списокот на играчи повикани за претстојните квалификации за ЕП 2020. „Фуријата“ ќе се соочи со Норвешка и Шведска во рок од четири дена.

Стана јасно дека на списокот има само еден фудбалер од шампионот Барселона. Се работи за играчот од средниот ред Серхио Бускетс.

Од Реал Мадрид се повикани двајца – Дани Карвахал и Серхио Рамос. Тука не ги броиме играчите кои се испратени под наем во други клубови од мадридскиот гигант.

Присуството на дефанзивецот Серхио Регилон остава впечаток. Тој е во сопственост на Реал Мадрид, но игра во Севиља како позајмен. Ова е негов прв повик за репрезентацијата.

Истото важи и за играчите на Виљареал, Пау Торес и Жерард Морено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.