Селими: Дури и да се случат уставните измени, Македонија ќе добие блокада од други земји со нови барања

Сефер Селими, политички аналитичар во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, одговарајќи на прашањето кое е неговото мислење за уставните измени и внесување на Бугарите во него, рече дека дури и Македонија да ги направи тие уставни измени и да ги внесе Бугарите во Устав, за што денеска премиерот Димитар Ковачевски свика лидерска средба за да побара поддршка од сите политички партии, тоа нема да биде последна блокада на Македонија. Исто така и дека власта не може да биде сигурна и да мисли дека друга држава нема да побара исполнување на некое друго барање.

-Јас мислам дека и јавноста треба да се подготви, не само од политичките партии, туку и од сите чинители, дека ова нема да биде последна блокада, нема да биде последна отстапка која што треба да ја направиме како држава. Тој процес е доста сложен, ние не можеме да сме сигурни или да мислиме дека нема да се појави некоја друга држава која ќе нема барања. Секакви барања може да има, смета Селими.