Селмани: Објаснувањето на Владата зошто медиумските реформи ги нема во „План 18“ е несериозно

Без ослободување на медиумите од стегите на тие чудни политички и економски стеги, јас мислам дека нема да можеме ни судски, ни да се бориме против корупцијата ни администрација. Кој ќе ги оценува тие реформи, ако медиумите не се слободни критички да се осврнат на тие реформи? Парламентот ќе ја контролира Владата, запраша Насер Селмани, претседател на ЗНМ, при гостување на емисија на 1ТВ.

Селмани образложи дека не очекувале дека ќе се случи во нацрт програмата на „План 18“ медиумските реформи нема да бидат дел бидејќи беше нагласено дека ќе ги има. Затоа и побарале дури писмено објаснување и чекале една недела за да добијат објаснување, кое на крај не само што е апсолутно неприфатливо објаснување на владата туку и несериозно. Велат дека медиумските реформи ги нема затоа што ги завршиле. Аргументацијата е дека Законот за аудиовизуелни медиумски услуги поминал на владина процедура и тоа што зависело од владата, работата е завршена, а тоа што парламентарното мнозинство во Собрание не сака да гласа или Законот е заглавен поради амандманите на опозицијата владата се оградува. Тој аргумент за ЗНМ не е прифатлив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.