Селта го надигра Еспањол

Во првиот дуел од 18-то коло на шпанското фудбалски првенство во Виго на домашен терен Селта со 3:1 го победи Еспањол.

Домашните поведоа рано уште во 3 минута со голот на Санта Мина и со тој резултат се замина на полувремето. Повторно на самиот почетоко од вториот дел Селта постигна погодок, овојпат во 47 минута беше стрелец Иаго Аспас а победата во 82 минута ја потврди Денис Суарез. Еспањол успеа само да постигне почесен погодок во втората минуте од судиското продолжение на мечот преку Лоренцо Хезус Морон Гарсија.

Еспањол остана на 23 бода со кои привремено е на 9-то место на табелата, а Селта Виго со 20 бодови моментално е 12-та.

Во сабота на распоредот се дуелите: Рајо Ваљекано – Депортиво Алавес, Реал Сосиедад – Вилјареал, Барселона – Елче и дербито Севилја – Атлетико Мадрид.

Колото продолжува в недела со натпреварите: Гранада – Мајорка, Атлетик Билбао – Реал Бетис, Хетафе – Осасуна и Реал Мадрид – Кадиз, а ќе биде заокружено во понеделник со мечот Леванте – Валенсија.