Селта ремизираше дома со Леганес

Фудбалерите на Селта Виго и Леганес одиграа без голови во првиот натпревар од 16-то коло на шпанското фудбалско првенство, кој се одигра во петокот вечерта.

Селта остана без третата последователна победа, и со 21 бод моментално е на осмото место на табелата. Леганес има 18 бодови и е 16-ти, пред тимовите од зоната на испаѓање Атлетик Билбао со 14, Рајо Ваљекано со 10и и Уеска со седум бодови.

Водечката Барселона има 31 бод, а ја следат Севилја и Атлетик Билбао со 28 бодови, додека Реал Мадрид е четврти со 26 бодови.

Во саботата на распоредот се четири натпревари во кои се среќаваат Хетафе – Реал Сосиедад, Вајадолид – Атлетико Мадрид, Реал – Мадрид – Рајо Ваљекано и Еибар – Валенсија. Во недела играат Севилја – Жирона, Еспањол – Реал Бетис, Уеска- Вилјареал и Леванте – Барселона, а колото го затвораат во понеделник Алавес и Атлетик Билбао.