Семејството кое живееше под мост во Аеродром си доби топол дом

Тричленото семејство кое живееше под мост во општина Аеродром без никакви услови за живот, конечно најде нов, привремен дом.

За среќа, тие веќе не се „семејството што живее под мост“, бидејќи сега се сместени во куќа која ги има сите услови, пишува Досие.мк.

За домот помогнал Отец Оливер и хуманите луѓе од хуманитарната организација „Свети Спас“.

Сепак, се напоменува дека ова е само привремено решение, додека трајно решение мора да најде владата.

Инаку, под мостот „Близнак“ во Аеродром два месеца живееја Адем и Бајруша со нивниот 30 годишен син. Тие останале тука откако газдите на куќата во која престојувале под кирија, ги избркале, иако редовно ги подмирувале сметките.

На нив им била укината и минималната социјална помош, а хуманите луѓе кои им помогнале јавуваат дека во понеделник ќе поднест жалба

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.