Семејството на музичарот Дујмиќ ќе ги донира неговте органи

50

Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за хрватските медиуми изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги подари неговите органи.

– Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена маана – изјави Нинчевиќ.

Рајко Дујмиќ, долгогодишен предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера, како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија.

Нинковиќ беше со семејството на Рајко по сообраќајната несреќа, и тој ќе им помогне при погребот, којшто треба да се случи следната недела во Загреб. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.