Семејството Вилијамс по 43 години ја напушта Формула 1!

Сер Франк Вилијамс во 1977 година го создаде тимот Вилијамс, а по 43 години семејството ќе ја препушти екипата на некој друг, односно на инвестицискиот фонд „Дорлитон Капитал“.

Заменик директорката Клер Вилијамс денеска соопшти дека заминува од нејзината позиција по трката за Големата награда на Италија, која се вози следниот викенд.

Оваа одлука значи дека дефинитивно завршува една ера бидејќи познатото семејство ќе се повлече целосно од тимот кој го создаде Сер Франк.

„Со оглед на тоа дека иднината на тимот е безбедна, вистинско време е да се повлечеме. На нашето семејство Вилијамс тимот секогаш му беше приоритет. Сепак, сега е вистинско време да ја препуштиме екипата на нови сопственици да ја водат во светла иднина. Во ова сме четири децении. Горди сме на досегашните резултати и тоа што го оставаме зад себе. Од секогаш во спортот бевме со љубов, па така одлуката не ја донесовме лесно“, соопшти семејството Вилијамс.