Семејна драма во Куманово: Запалил плинска боца и ја фрлил во спална соба

83

Вистинска семејна драма се случила во Куманово на крајот на јануари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најпрво настанала расправија меѓу 28-годишниот С.Д. и неговиот брат, по што С.Д. запалил плинска боца и ја фрлил во спалната соба и предизвикал пожар.

Пожарот бил локализиран од неговиот брат и мајка.

Кумановската полиција против него поднесе кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.