Семејна трагедија на Андрес Ињеста

Само неколку часа откако тренерот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, откри дека одличниот играч за врска, Андрес Ињеста поради семејни причини, нема да биде дел од тимот на денешниот натпревар, шпанските медиуми открија дека се случила голема трагедија во неговата фамилија.

Неговата сопруга Ана Ортиз поради компликациите во бременоста го загубила детето. Токму поради оваа причина, Иниеста побарал да биде ослободен од обврските на неодредено време.