Семејството на Шумахер покрај него во болница

Семејството на германскиот Ф1 возач и шампион Михаел Шумахер е покрај неговиот кревет во болницата по несреќата при скијање на Француските Алпи.

Менаџерот на Шумахер, Сабине Кем, вели дека неговата сопруга Корина, ќерката Џина Марија и синот Мик се во состојба на шок во болницата во Гренобл.

Седумкратниот шампион на Формула 1 претрпе повреда на главата во неделата при пад во ресортот Мерибел.

Шумахер е во медицински индуцирана кома за да  се смири притисокот на неговиот мозок.

„Семејството не е добро, очигледно. Тие се во шок“, вели Сабине Кем, пренесува Би-Би-Си.

Професорот Жан-Францоис Рајен од одделението за интензивна нега во Универзитетската болница во Гренобл вели дека не може да дадат прогноза за состојбата на 44-годишниот возач.

„Тој е критичка состојба што се однесува на церебрална реанимација. Работиме час по час“, вели професорот додавајќи дека доколку Шумахер при падот не носел кацига „тој немаше да биде сега тука“.