22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Семејството скршено од тага- девојчето кое се удави во базенот во Битола скокнало да си ја спаси братучетката

Тринаесетгодишната Џесика Мемишовска вчера се удавила во базенот Довеџик кај Битола при обид да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето за САКАМДАКАЖАМ. Тие велат дека Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот.

Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја спаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката, изјави Нехру Камбер, чичко на починатото девојче.

Целата вест на СДК.МК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.