Сен Етјен го презема водството

Фудбалерите на Сен Етјен го пореземаа водството на табелата во француското првенство, откако во средбата од третото коло во саботата вечерта го совладаа Стеразбур со 2:0, а претходно Монпелје со 3:1 беше подобар од Ница.

Играчите на Сен Етјен отпорот на „фенерџијата“ Стразбур кој го доживеа и третиот пораз, го скршија во второто полувреме со головите на Дени Буанж во 57 минута од пенал и на Махди Камара во 82 минута.

Во претходно одиграниот натпревар Монпелје ја победи до саботата водечката Ница со 3:1. Домашните поведоа со головите на Гаетан Лаборд во 18 и Даниел Конгре во 50 и 64 минута, додека погодокот на Ница која го отвори првенството со две победи го постигна Данте во 69 минута.

Во петокот Бордо и Лион одиграа без голови, а преостанатите седум натпревари се играат во недела. Дербито на колото на „Паркот на принцовите“ го играат Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј.

На табелата води Сен Етјен со шест бодови, колку што има и Ница но со послаба гол-разлика, а Сен Етјен има и меч помалку. Трет е Бордо со пет бодовои и исто така натпревар помалку. Актуелниот шампион ПСЖ досега одигра само еден меч, во четвртокот беше поразен на гостувањето кај Ленс со 0:1.

Во недела играат: Лил – Мец, Анжер – Ремс, Дижон – Брест, Лориент – Ленс, Ним – Рен, Монако – Нант и ПСЖ – Марсеј.