Сен Етјен го совлада Марсеј на „Велодром“ по 41 година

Во одложениот натпревар од првото коло на француското фудбалско првенство Сен Етјен на гостувањето со 2:0 го совлада Олимпик Марсеј по повќе од четири децении и се искачи на првото место на табелата.

Победата на гостите им ја донесоа Ромен Амума со голот во шестата минута и на Денис Бианга во 74 минута, и двата погодоката по прецизно изведени противнапад. Домашните ја имаа иницијативата во текот на натпреварот, но беа крајно неснаодливи во нападот.

Последен пат Сен Етјен, кој за навивачите на Марсеј е поголем ривал од ПСЖ, Бордо или Лион, славеше на „Велодром“ со 3:5 од 10-ти август 1979 година, кога за „Зелените“ стрелци беа легендарните Мишел Платини, Џони Реп и Доминик Рошто,.

Сен Етјен со победата го презема врвот на табелата со максималните девет бидови и гол-разлика 6:0. Олимпик Марсеј сега падна на осмото место со шест бодови, а актуелниот шампион Пари Сен Жермен е на 15-то место со три бодови, односно со веќе два пораза.