Сенаторката Клобушар објави кандидатура за претседателските избори

Сенаторката од Демократската партија, Ема Џин Клобушар, од американската сојузна држава Минесота најави во неделата кандидатура за номинација за претседателските избори во 2020 година.

„Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на наставничка и на новинар, првата жена на Минесота и ја објавувам својата кандидатура за претседателка на Соединетите држави“, им порача Клобушар на своите првиврзаници во Минесота.

Педесет и осумгодишната Клобушар, правник со дипломи од универзитете Јејл и Чикаго, на којашто во моментов ѝ трае третгодишен мандат на сенаторка од Минесота, така се приклучи на веќе подолгата листа демократи кои претендираат на Белата куќа.

Претходно во саботата сенаторката од Минесота, шеесет и деветгодишната Елизабет Ен Ворен, со говорот во кој го осуди растот на економските нееднаквости ја започна официјалната кампања за номинацијата за трката за Белата куќа. На овој список, меѓу другите, се и сенаторите Кори Нукер од Њи Џерси и Камала Харис од Калифорнија.