Сенаторот Пол е против успехот на Украина по цена на банкрот на САД

(Photo by Greg Nash-Pool/Getty Images)

Републиканскиот сенатор од сојузната држава Кентаки, Ренд Пол, кој го блокираше итното одобрување на 40 милијарди нова воена американска помош за Украина, рече дека сака успех на Киев во војната против Русија но не по цена на банкрот.

Претходно сенаторот Пол го блокираше нацрт-законот доставен во Конгресот, предлагајќи амандман кој ќе вклучува заострување на надзорот над трошењето на средствата за помош на Украина. Но водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, го отфрли предлогот.

„Многу ја симпатизирам Украина и посакува таа да успее, но не сакам тоа да се случи по цена на банкрот на нашата земја“, рече Пол за радиото WMAL DC.

Сенаторите Шумер и Мекконел му понудија на Пол гласање за амандман за неговиот предлог за кој ќе беше потребна поддршка од 60 од 100-те сенатори за да биде усвоен. Но, Пол ја одби понудата и побара Сенатот да го усвои неговиот амандман пред да гласа за пакетот помош.

Отфрлањето на барем еден сенатор доведува до блокирање на процесот на итно разгледување и одобрување на иницијативата. Сега членовите на горниот дом на американскиот Конгрес ќе дискутираат за законот за нова воена помош за Украина на вообичаена постапка.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во вторникот одобри повеќе од 40 милијарди помош за Украина за да се одржи постојаниот голем проток на оружје за да се зајакне украинската војска во борбите со руските и проруските сили. Претставничкиот дом го освои буџетскиот закон со 368 гласови „за“ наспроти 57 гласови „против“, сите од републиканските редови. Законот потоа беше испратен во горниот дом Сенатот, од кого се очекуваше брзо да го потврди.

Американскиот претседател Џо Бајден пред две седмици бараше од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари за воена помош на Украина, но пратениците решија да го зголемат военото и хуманитарното финансирање на Киев. Бајден го повика Конгресот брзо да дејствува за да може да го поптише законот пред сегашната воена помош за Украина да истече овој месец.

Пакетот вклучува 6 милијарди долари за безбедностни програми во Украина, вклучително обука на војници, опрема, оружје и поддршка, 8,7 милијарди долари за дополнување на резервите во САД за да се надомести опремата испратена во Украина и 3,9 милијарди долари за операциите на американската команда во Европа.

Покрај тоа законот овозможува дополнителни 11 милијарди долари кои претседателот може да ги активира во итен случај без да чека одобрување од Конгресот. Бајден во овој сегмент бараше 5 милијарди долари.

Законот одобрува и 4 милијарди долари за давање воена поддрпја на Украина и други земји погодени од кризата,

Новиот пакет, исто така, вклучува и хуманитарна помош од 5 милијарди долари за решавање на глобалната несигурност на храната поради судирот и речиси 9 милијарди долари за фонд за економска поддршка на Украина.

Обезбедува и стотици милпони долари за помош на бегалците и ги финансира напорите за заплена на имотите на руските бизнисмени кои САД ќе ги означат дека се поврзани со рускиот претседател Владимир Путин.

САД од почетокот на војната во Украина во два ипол месеца испратија оружје во износ од над 3,7 милијарди долари, вклучително и хаубици, противвоздушни системи „Stinger“, противтенковски проектили „Javelin“, муниција и неодамна откриените безбилотни летала „Ghost“.