Сенаторот Ренд Пол има намера да разговара со Зариф од името на Трамп, пишува Politico

64
Сенаторот од американската сојузна држава Кентаки, Ренд Пол

Републиканскиот сенатор од американската сојузна држава Кентаки, Ренд Пол, има намера од името на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се намалат тензиите во Персискиот залив да преговара со иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавид Зариф, кој се наоѓа во официјална посета на САД, пишува во средата весникот Politico.

Минатиот викенд сенаторот Пол играл голф со американскиот челник Доналд Трамп и побарал да му дозовли да изведе дипломатска мисија во поглед на односите со Техеран. Шефот на државата, пишува весникот, го одобрил предлогот на сопартиецот.

Пол има намера од иметот на претедателот да му пoдаде на Зариф, како што истакнува Politico, „маслиново гранче“, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји кои ескалираа последните месеци.

Шефот на иранската дипломатија ќе учествува во годишната сесија на Економско-социјалниот совет на Обединетите нации во Њујорк. Како што наведува во продолжение американското издание во текот на седмицата тој ќе има низа средби со локалните новинари и експерти.

Одлуката на Трамп, според весникот, предизвикало незадоволство кај многу функционери во неговата администрација, кои изразиле стравување дека активносите на сенаторот Пол ќе ја поништи кампањата на Вашингтон за вршење максимален притисок врз Техеран. Притоа во написот на Politico се истакнува дека сѐ уште не е јасно дали сенаторот кој истапува против евентуален воен судир со Иран, догоговорил средбата со шефот на иранската дипломатија. Претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео повеќепати изјавуваше дека САД се подготвени за преговори со Иран без поставување претходни услови.

Ситуацијата околу Иран се заостри по експлозиите и пожарите на два нафтени танкера кон средината на јуни во водите на Оманскиот залив по наводен напад. САД вината за инцидентот ја ставија на Иран, за што беа поддржани од своите сојузници Велика Британија и Саудиска Арабија. Официјален Техеран кој ги отфрли ваквите обвинувања, на 20-ти јуни објави дека соборил американско беспилотно летало, по што според американски тврдења претседателот Трамп наредил воени удари на три ирански цели, но ја отповикал наредбата во последен момент, откако му било кажано дека ќе загинат најмалку 150 Иранци, што сметаал дека е непропорционално на уривањето на дронот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.