Сенатот го ослободи Трамп од вина на судењето за импичментот

Американскиот претседател со одлуките на 52 и 53 сенатори во 100-члениот Сенат очекувано е прогласен за невин по двете точки од обвинението на судењето во горниот дом на Конгресот за неговото отповикување од должноста.

Сенаторите поединечно се изјаснува дали го сметаат републиканскиот претседател за виновен, по азбучен ред. Трамп беше обвинет по две точки од обвинението: дека ги злоупотребил овластувањата за да издејствува истрага против политички противник за да оствари предност на претстојните претседателски избори, и дека ја попречувал острагата на Конгресот.

По првата точка за виновен го сметаат за виновен 48 сенатори, додека 53 сметаат дека не е. По втората точка од обвинението за виновен го сметаат 47 сенатори, додека 53 сенатори го ослободија.

Сенаторите целосно гласа според партиската припадност. Единствено републиканскиот сенатор Мит Ромни, која е поранешен претседателски кандидат и има долга историја на нетрпеливост кон Доналд Трамп, гласаше во полза на демократите. Со тоа стана првиот сентарот во американската историја кој го осудил претседателот од својата партија.

За отповикување на претседателот неопходни се гласовите од две третини од стоте сенатроти, односно 67 гласови.

Демократите го обвинија Трамп дека ја користел функцијата за да изврши притисок врз Украина во летото 2019 година да го испита мешањето на неговиот демократски противник – поранешниот потпретседател Џо Бајден – во запирање на истрагата за корупција во Украина во која бил вмешан неговиот син Хантер Бајден; и за блокирање на соработката на своите соработници со комисијата задолжена за истрагата во Претставничкиот дом.