Џером Пауел, кого претседателот Доналд Трамп ги предложи за претседател на американската централна банка Federal Reserve (Fed), во вторникот ноќта по средноевропско време беше потврден на должноста по гласањето во Сентот.
За Џером Пауел гласаа 85 сенатори, а 12 беа против. Тој, како гувернер, последните пет години веќе беше во управниот одбор на американската централна банка.
Овој поранепшен правник кој во јавноста ужива реноме нан умерен републиканец и добар преговаралч, ќе ја замени на должноста демократката Џенет Јелен и така ќе стане 16-ти претседател на моќната и влијателна централна банка, институција којашто надмина сто години од нејзиното воспоставување.
Шеесет и четиригодишниот Пауел ќе ја преземе должноста на 3-ти февруари, кога истекува мандатот на 71-годишната Јелен, првата жена во историјата на оваа функција.
За Пауел гласаа многу демократи, а некои републиканци беа против неговот потврдување на должноса, како што беа поранешниот сенатор од Флорида и поранешен кандидат за претседателските избори од 2016 година, Марко Рубио, и Рон Пол, исто така, поранешен претседателски кандидат.