Сенатот го потврди предлогот на Трамп за шеф на разузнавачката заедница

Џон Ретклиф

Американскиот Сенат го поддржа во четвртокот конгресменот Џон Ретклиф како кандидат за нов челник на американската разузнавачка заедница, што претставува победа на претседателот Доналд Трамп во вториот обид да го именува овој конзервативен републиканец на важна позиција.

Кандидатирата на Џон Ретклиф, кој е познат по својата приврзаност кон претседателот Доналд Трамп, Сенатот ја поддржа со 49 гласови „за“ и 44 „против“. Противниците на Трамп притоа забележуваат дека станува збор за досега најголем број гласови против во историјата кога станува збор за изборот на првиот човек на американската разузнавачка заедница.

Агенцијата Reuters забележива дека гласањето во Сенатот минало стриктно според партиската припадност, при што сите демократи гласале против, а сите републиканци гласале за кандидатот на Трамп.

По ова гласање Ретклиф стана првиот кандидат по ланскиот август за позицијата директор на Нацоналното разузнавање со поддршка во Сенатот. До неодмана кандидат за оваа должност беше Ричард Гренел, американскиот амбасадор во Германија, кој во Конгресот мораше да се соочи со прашањата за можноста да направи достапни некои доверливи документи, како и за реорганизација на бирото.

Ратклиф стапува на новата должност во периодот кога САД се соочуваат со широк дијапазон безбедносни закани, вклучително и пандемијата на коронавирусот, острата конкурентност со Кина и повторно изразените предупредување за наводниот обид на Русија да се вмеша во американските претседателски избори во ноември, како и тензиите со Иран и Северна Кореја.

Трамп првпат ваквата намера ја најави ланскиот јули кога рече дека би сакал да го види Ретклиф на позицијата којашто е воспоставена во 2004 година, со задача ја управува и да ја координира работата на 17-те различни разузнавачки агенции подобро отколку што беше координирана до терористичките напади од 11-ти септември 2001 година.

Меѓутоа, тогаш кандидатурата на Ретклиф беше повлечена по само пет дена, бидејќи демократите, како и некои републиканци, ја доведоа во прашање неговата компетентност и квалификуваност, како и тоа што во неговата биографија наводно ја преценил улогата којашто ја имал во прогонот на лица осомничени за тероризам, кога во сојузната држава Тексас ја извршувал должноста државен обвинител.

Ретклиф беше најмлад член на Комитетот за разузнање на Конгресот со само шестмесечен стаќ во ова телот, кога Трамп првпат го истакна како свој кандидат за позицијата челник на американската разузнавачка заедница.

Демократите забележуваат дека Ретклиф е премногу пристрасен и поради тоа не би бил во можност да гарантира дека разузнавачките агенции нема да бидат под политичко влијание, додека од Републиканката партија порачаа дека имаат целосна доверба во него.