Сенатот ја отфрли мерката која би го ограничила Трамп во напад на Иран

Американскиот Сенат во петокот не ја прифати мерката со којашто би му се оневозможило на претседателот Доналд Трамп да нареди напад врз Иран без поддршка од Конгресот, освен во случај на одбрана.

Мерката, којашто требаше да биде амандман на годишниот извештај за одбранбената политика, е одбиена со 50 гласови „против“ наспроти 40 „за“, со што таа не ги доби неопходните 60 гласови во Сенатот со кој владее републиканското мнозинство. Десет сенатори воопшто не гласале.

Воените тензии меѓу САД и Иран се зголемија последните два месеца, откако Вашингтон ланскиот мај се повлече од меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили.

Извештајот, под наслов Акт за националната одбрана (NDAA), Сенатот го одобри во четвртокот, но челниците на Сенатот донесоа една од ретките одлуки со која дозволија гласање за амандмани во петокот, пткако неколку републиканци им се приклучија на демократите повикувајќи на дебата по ова прашање. Исто така, се согласија дека гласањето, коешто започна во 5 часот по локално време, ќе трае во текот на денот а во него да се вклучат и демократие кои учестувале на претседателската дебата во Мајами. Гласањето беше заклучено десет часа подоцна, во 15 часот по локално време.

Републиканците кои се противеа на прифаќањето на оваа мерка, тврдат дека таа би наметнала непотребни ограничувања за претседателот Трамп, доколку се соочи со закана од Иран. Поборниците на амандманот, пак, сметаат дека е потребно да му се осигури на Конгресот неговото уставно права да одобри употреба на воена сила, како и да се намали веројатноста од погрешна процена која земјата би ја вовлекла во продолжен судир.

Трамп пред една седмица ја отповика својата наредба за воздушни удари врз Иран, десетина минути пред нивниот почеток. Обраложи дека таквата одлука ја донел откако ја слушнал процената за 150 човечки жртви на иранска страна, што го сметал за несразмерно за одмазда за претходно сооборениот американски дрон.

Претходно во петокот Иран соопшти дека европските земји потписнички на нуклеарниот договор понудиле премалју во преговорите со кои настојуваат да го уверат Техеран да се откаже од намерата да суспендира некои свои обврски од договорот, како одмазда за американските санкции.