Сенатот на ги прифати американските санкции за Северен тек 2

Предлог-законот за воведување американски санцки за компаниите коишто учествуваа во веќе завршениот руско-германски гасовод Северен тек 2 на којшто се противеа САД, не минаа во американскиот Сенат.

Гасоводот преку кој од Русија по дното на Балтичкото Море директно во Германија ќе ги удови испораките на гасот, со години наназад внесува раздор меѓу западните земји, откако САД оценија дека тој ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Москва, а Берлин одговараше дека Вашингтон со блокадата на Северен тек 2 сака да создаде простор за згоелмени испораки на континентот на неговиот течен природен гас (LNG).

Текстот со предлогот за санкциите во Сенатот го поднесоа опозициските републиканци, а предвидува санкции за сите субјекти кои учествуваат во „планирањето, изградбата и користењето“ на овој подморски гасовод долг 1.230 километри.

Неколку демократи гласа како и нивните републикански колеги, но за прифаќање на нацрт-законот беа потребни 60 сенаторски гласови. Сенаторот Тед Круз, од сојузната држава Тексас, предлагач на предлогот, изрази жалење поради тоа што текстот не мина.

„Само брзото воведување на санкциите може да го промени мислењето на (рускиот претедател Владимир) Путин, да ја спречи инвазијата врз украина и да ја отстрани егзистенцијалната закана каква што е Северен тек 2“, истакна Круз по гласањето во соопштението без да изнесе ниеден аргумент за своите тврдења.

Гасоводот, околу кој стивнаа тензиите откако американскиот претседател Џо Бајден и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел потпишаа есента договор во Вашингтон, сега повторно стана интересен во САД и европските противници на Северен тек 2, поради тврдењата дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина којашто Москва ја обвинува дека со помош на Западот се подготвува за воено решение на кризата во побунетите исочни доминантно руски региони.

Во четвртокот и републиканскиот лидер во Сенатот, влијателниот Мич Мекконел, повика на рускиот претседател Владимир Путин „да му се испрати остро предупредивање“ дека „нема да може да ја користи како оружје“.

Претходно во средата демократски сенатори обајвија уште еден предлог кој би бил насочен директно против Путин ако наводно би ја нападнал Украина. Во текстот кој ја има поддршката на Белата куќа, и всушност произлегува од таму, се повикуваат САД да „размислат за расположливите и соодветни мерки“со коишто би се спречило пуштањето во работа на Северен тек 2 и во кој се нарекува „стредство за злонамерно влијание на Руската Федерација“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.