Сенатот на САД постигна договор и изгласа крај на блокадата на владата

Сенатот на САД со големо мнозинство гласаше за повторно деблокирање на владата, откако американските сенатори одлучија да направат придвижување кон усвојување на законот кој ќе ја деблокира федералната влада до 8-ми февруари со што ќе заврши судир меѓу демократите и републиканскиот претседател Доналд Трамп околу прашањата на имиграцијата и пограничната безбедност.

Сенаторите гласаа со 81 „за“ и 18 „против“ во понеделникот за Законот за финансирање на владата откако тој ги мина во понеделникот процедуралните пречки во Сенатот, па се очекуваше дека наскоро ќе биде изгласан, поради што агенциите и службите на сојузната влада ќе може да продолжат со работа.

Демократите инсистираа дека каков и да е краткотраен закон за финансирање кој би овозможил продолжување на работата на владата да вклучува заштита на илегалните имигранти кои во САД биле донесени како деца, познати како „сонувачи“, но републиканците тоа го одбија и рекоа дека нема да преговараат за имиграцијата сѐ додека демократите не им ги дадат потребните гласови за продолжување на работата на владата.

Десетици илјади федерални службеници и работници престанаа да работата во понеделникот а првиот работен ден од блокадата, но клучните сервисни служби, особено итните служби и агенциите од безбедноста и одбраната продолжија да функционираат.

Финансирањето на владините активности истече во петокот на полноќ, а пратениците во текот ан викендот се обидуваа да ја надминат кризата Сигнали за постигнување договор покажаа по средбата на сенаторите од двете страни одржани во неделата и во понеделникот утрото по локално време.

Водачот на демократските сенатори, Чак Шумер, изјави дека постигна договор со својот републикански колега лидер на сенатското мнозинство Мич Мекконел, со кој функционирањето на владата ќе остане отворено во текот на следните три седмици, како и дека ќе се расправа за прашањето на „сонувачите“, околу 700.000. имигранти.

Мекконел му се заблагодари на Шумер и рече дека смета оти „текот на овој процес научивме дека стратегијата да се затвори владата поради прашањето на илегалната имиграција е нешто што американскиот народ не го разбра и нема да го разбере ниту во иднина“.

Потпретседателот Мајк Пенс о Ерусалим порача дека со постигнувањето на договорот пропаднала „блокадата на Шумер“, „Ја поздравуваме веста дека блокадата на владата во Вашингтон завршила, за што се заслужни цврстиот став на претседателот Трамп и на републиканците од Претставничкиот дом и од Сенатот“, порача Пенс.

Според медиумите, на републиканците во Претставничкиот дом им е кажано веднаш да се подготват за гласање за мерката којашто ќе овозможи продолжување на работата на владата.