Сенатот одби да гласа за зголемени исплати за Американците побарани од демократите и Трамп 

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, синоќа не го поддржа предлогот на претседателот Доналд Трамп за зголемени директни индивиудуални исплати за Американците од 600 на 2.000 долари, а поради кризата со коронавирусот во земјата.

Меконел го блокираше обидот на демократите мерката да ја стават на гласање, изјавувајќи дека Конгресот на САД досега одобрил доволно финансиска помош. Неговиот став е наспроти настојувањата на претседателот Трамп и на неколку останати републиканци сенатори. Од говорницата тој изјави дека „нема реалистична патека ова брзо да помине“.

Кажа дека „Сенатот нема да биде изнуден да дава повеќе позајмени пари во рацете на богатите демократски пријатели кои немаат потреба од тоа“.

-Ако конкретни домаќинства имаат потреба од дополнителна помош, Сенатот ќе разгледа разумно адресирање на помошта, порача Меконел.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, во изминатите пар денови се обидуваше да добие гласање околу оваа мерка, одобрена од Преставничкиот дом, и да го исполни барањето на Трамп за исплати зголемени до 2.000 долари.

Меконал истакна дека во Сенатот нема да помине ништо друго ако не бидат разгледани барањата на претседателот за укинување на законската заштита за интернет компаниите и истрага за наводната изборна измама.

Законодавците демократи жестоко ја искритикуваа позицијата на Меконол и на останатите републиканци.

-Републиканците во Сенатот изгледа имаат неизмерна рамнодушност кон несреќата на другите луѓе, изјави синоќа Ненси Пелоси, спикер на Преставничкиот дом.

Стивен Мнучин, министер за финансии, претходно изјави дека првите исплати во висина од 600 долари Американците ќе почнат да ги добиваат уште во среда. кб/сд/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.