Сенатот со резолуција за ограничување на Трамп да почне воени операции против Иран

Сенатот денеска одобри резолуцијата со која се ограничува надлежноста на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воени операции против Иран.

Мерката нагласува дека Трамп мора да добие одобрение од Конгресот пред да се вклучи во понатамошна воена акција против Иран.

Осум републиканци се приклучија со демократите да се усвои резолуцијата со 55-45 гласови.

Подносителите нагласија дека резолуцијата не се однесува на Трамп, па дури и за претседателството, туку, наместо тоа, е важно повторување на моќта на конгресот за објавување војна.

Додека Трамп и другите претседатели „мора секогаш да имаат можност да ги одбранат САД од непосреден напад, извршната власт да иницира војна запира тука“, рече конгресменот Тим Кајне.