Сенегал е во финалето на Африканскиот куп на нациите

 

Сенегал обезбеди финале на Африканскиот куп на нациите, откако во продолженијата успеа да го совлада Тунис со 1-0.

Сенегал се пласира во финалето после 17 години, а второ во историјата, а до него дојдоа после промашен пенал, автогол, еден чист гол, поништен пенал за Тунис, и уште еден промашен пенал во режија на Тунижаните.

Во регуларниот дел и Тунис и Сенегал имаа шанса да дојдат до предност од белата точка. Во 75 минута Саси толку лошо шутираше што голманот на Сенегал Гомис ја фати топката жива, а не се прослави ни Анри Севе пет минути подоцна.

Сенегал стигна до водство во 100. минута поточно тоа беше автогол на Дилан Брон. Десет минути подоцна судијата од Етиопија Тесема Бамлак направи голема глупост поради тоа што прво досуди пенал за Тунис, а потоа со помош на ВАР ја преиначи ситуацијата иако јасно се гледа играње со рака, а тој ја поништи претходната своја одлука.