Сениорската репрезентација и гостува на Грузија, а младинската на Фарските Острови

Новата сезона во Лигата на нации, со победата над Ерменија, тргна успешно за сениорската репрезентација Македонија. Денес, празнично, следи вториот септемвриски предизвик – гостувањето во Грузија (18 часот). Грузијците се енигма за нашиот национален тим затоа што оваа пресметка ќе биде прва во историјата меѓу двете репрезентации.

Младата репрезентација за играчи до 21 година, по поразот дома од Шпанија со 0-1, меч на кој нашите не реализираа пенал, денес (15 часот) гостува на Фарски Острови.