Сензација: Мексико им одржа лекција по кошарка на САД

Кошаркарската репрезентација на Мексико запиша сензационална победа над фаворитот САД со 97:88, во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Селекцијата на САД во овие квалификации игра без своие најдобри кошаркарски ѕвезди, но и покрај тоа, ретко кој веруваше дека може да дојде до сензација.

Сега, по две одиграни кола, Мексико е единствената непоразена селекција во групата Д, Порторико има скор 1-1 исто како и САД, додека Куба претрпе два пораза.

Најефикасен во победничкиот тим беше Орландо Мендес-Валдес со 27 поени, додека на спротивната страна прво име беше Ајзеа Томас со 21 кош.