СЕНЗАЦИЈА: Саудиска Арабија славеше против Аргентина со 2:1

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ја победи селекцијата на Аргентина со 2:1 на третиот ден од Светското првенство во Катар.

Спектакуларниот натпревар беше одбележан со повеќе голови од офсајд позиции. Меси погоди од пенал во 10 минута за водство од 1-0 за Аргентина.

Со овој гол тој се запиша како првиот Аргентинец кој постигнал погодок на четири Мундијали. Првите 45 минути од натпреварот ги одбележа доминацијата на „гаучосите“ кои постигнаа уште три гола, но сите три беа поништени поради офсајд позиции, благодарение на одличното позиционирање на фудбалерите на Саудиска Арабија.

Второто полувреме започна со два гола за само пет минути во мрежата на Аргентина. Првиот погодок за израмнување го постигна Шехри во 48 минута, а за водство на Саудиска Арабија се погрижи Ал Давшари во 53 минута.

Денешниот натпревар го следеа 88.012 навивачи на стадионот.